Стартува финалето на кошаркарскиот плеј оф меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи

Од:

Со вечерашниоиот дуел меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи стартува финалната серија од кошаркарскиот плеј оф. Ова за актуелниот шампион МЗТ Скопје е вкупно 12.то финале и има пет последователни титули.

Тимот на Карпош Соколи ќе го игра првото финале во борба за шампионската титула, а оваа екипа е актуелн освојувач на Купот на Македонија.

Во редовите на шампионот неизвесен е настапот на капитенот Марко Симоновски, кој најверојатно поради повреда ќе го пропушти првиот финален натпревар.

Финалната серија се игра во три добиени натпревари, а следните два се играат на 16.мај (вторник домаќин Карпош Соколи) и 19.мај (петок домаќин МЗТ Скопје). Доколку има потреба следните дуели се закажани за 21.мај (недела домаќин Карпош Соколи) и евентуалната мајсторка би се играла на 24.мај на теренот на МЗТ Скопје.

Првиот натпревар се игра во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он