Од утре врнежи и намалување на температурата

Од:

Попладне во планинските подрачја особено на северозапад и североисток ќе има услови за појава на дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од утре ќе започне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста, а со северниот ветер ќе има и повремени сончеви периоди. Утре од попладневните часови и претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.

Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југ и југоисток ќе има пороен дож и грмежи. Во среда се очекува да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст, информира УХМР

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски