Груевски: Изборот на Џафери е неуставен и неделовнички

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека и да сакаат не можат да го признаат Талат Џафери за претседател на Собранието бидејќи, како што рече, човекот е „избран“ насила со кршење на Уставот, кршење на Законот, кршење на Деловникот на Собранието, вон сите правила и процедури.

– Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и понатаму узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба