А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДКСК: Јавна опомена за Соња Каркалашева за судир на интереси

by А1он12/05/2017 - 13:54265
Share0

„Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај лицето Соња Каркалашева поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интерси.

Следете a1on на Instagram Instagram

Имено, службеното лице, покрај функцијата член на Училишен одбор на ООУ „Петар Мусев“ Богданци ја извршува и функцијата управител на две трговски друштва: Друштво за трговија и услуги АЛУМИНКО – АЛЕКС ДООЕЛ Богданци и Друштво за производство, трговија, градежништво и услуги БОДИГ КОМПАНИ ДООЕЛ експорт-импорт Богданци.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на една од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

Соња Каркалашева не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена.

Следете a1on на Youtube YouTube

Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.

Во контекст на наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата Ви ги доставува податоците за изречената мерка ЈАВНА ОПОМЕНА на наведеното лице со цел нивно објавување во јавноста“ соопштуваат од ДКСК.

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он11/05/2026 - 18:5011/05/2026 - 18:52

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он22/04/2026 - 15:18

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто