Во првиот квартал од 2017. година Макпетрол прикажа добивка пред оданочување во висина од 46,7 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 43 милиони денари која е на нивото од минатата година кога за истиот извештаен период Друштвото оствари добивка во износ од 44,2 милиони денари.
Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 3,99 милијарди денари кој е поголем од минатогодишниот за 515 милиони денари или 14,8 и.п. Ваквото зголемување на приходите се должи на ефектот од зголемувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година. Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 3,94 милијарди денари што преставува зголемување во однос на минатата година за 499 милиони денари или 14,3 и.п. во што повторно најголем удел има зголемувањето на цените на дериватите во овој период.
Основни причини за прикажата добивка се (1) продажбата на енергенси во малопродажбата, особено продажбата на светлите деривати на ниво од минатогодишната рекордна продажба и (2) трендот на пораст на прометот на малопродажните објекти, (3) зголемувањето на приходи од продажбата на странски пазар за 51%, (4) зголемувањето на оперативната добивка за 55%, како и (5) намалувањето на расходите од камати во однос на истиот период од минатата година за 29% поради продолжување на трендот на намалување на кредитната задолженост на компанијата.
Во периодот jануари – март 2017 година нема промени во сметководствените политики и во методите на вреднување на позициите во неревидираните финансиски извештаи на Друштвото.
Билансната кредитната задолженост на Друштвото вo однос на состојбата со крајот I Квартал од минатата година е намалена за цели 347 милиони денари;
Друштвото, за време на деловното работење во севкупниот извештаен период, во ниту еден момент не дошло во ситуација да има достасани, а ненамирени обврски по кој било основ (кредити, обврски спрема добавувачи, јавни давачки и плати на вработени).