Веќе 10 години, секој викенд, децата во Гевгелија организирани од Фондацијата Аполонија имаат активности за почиста и поздрава животна средина. Тие секоја недела садат дрвја, одгледуваат цвеќиња, собираат ѓубре и отпад за рециклирање.
По 10 години градот е навистина далеку почист. Творец на идејата е швеѓанката Мариа Клинг, кој ја предводи фондацијата и која се залага децата да имаат научен пристап во справување со предизвиците за чиста околина. Токму затоа преставници на фондацијата имаа обука во Солун, за да ги совладаат научните техники кои сега ги пренесуваат на децата во Гевгелија.
Овој начин на неформална, но сосема релевантна едукација, ја надоместува празнината кај децата, која не можат да ја пополнат образовните институции.