Владата на Чешка го одобри планот на Министерството за одбрана да бидат испратени околу 300 чешки војници во составот на НАТО во балтичките земји, изјави владиниот портпарол Мартин Ајрер.
Од почетокот на 2018 година во Летонија и во Литванија ќе бидат стационирани до 290 војници на чешката армија со рок од една година.
Одлулката на чешката Влада треба да биде одобрена од Парламентот.
Во последните месеци НАТО распореди мултинационални баталјони во земјите кои граничат со Русија. Иницијативата на Алијансата е поради стравувањето дека Естонија, Леотонија и Литванија можно е да бидат анектирани како Крим од страна на Русија.