Уставниот суд ќе одлучува за мандатот на градоначалниците и за субвенциите

Од:

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Како што е објавено на веб страницата на Судот, на истата седница ќе се одлучува и дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците.

Иницијативата која се однесува на градоначалниците е трета точка за седницата што ќе се одржи денеска, а со неа се бара оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

До Уставниот суд иницијативи за продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на советниците поднесоа Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и од Светскиот македонски конгрес.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин.

Заедницата на единици на локалната самоуправа апелира и сугерира Парламентот на Република Македонија, итно и без одлагање, а најдоцна до петок оваа недела, да изнајдет решение за мандатите на градоначалниците и општинските совети. Една од можностите, според ЗЕЛС, е измена на Изборниот законик, наместо прва половина да се утврди нов датум за одржување на локалните избори.

Уставните судии на седницата ќе ја разгледуваат иницијативата поднесена од земјоделското здржение Агротиквешија со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до фомрирање нова Влада. Дел од агроекспертите очекуваат Уставен да го оспори членот, оти се работи за редовни исплати планирани во Буџетот.

Иницијаторите бараат оценка на уставноста и законитоста на член 8-а став 1 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 2 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 3 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Изборниот законик и член 11 став 1, ставови 2 и 3 во деловите: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Законот за спречување на корупцијата.

Министерот за финансии Кирил Миноски неодамна изјави дека главна пречка за исплатата за одредбите од Изборниот законик. Миноски тврди дека пари во Буџетот има, и доколку Уставен суд го оспори членот веднаш ќе почнат со исплата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Скопските градоначалници бараат Владата да ги одземе ингеренциите на Комунална хигиена и на Паркови и зеленило

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан