Обама: Американските претседатели живеат во балон

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави дека не му недостигаат строгите безбедносни мерки кои го прателе додека беше претседател.

Говорејќи на конференција во Милано, Обама изјави дека американските претседатели „живеат во балон“.

– Тоа е многу убав затвор, немате слобода на движење доколку сакате само да се прошетате или да седнете во некој кафе бар, бидејќи секогаш се внимава на безбедноста, изјави тој.

– Сега сум заложник само на селфи, што е подеднакво лошо, додаде Обама шегувајќи се со фактот дека сега не мора да мисли на безбедноста туку на тоа колку е спремен да позира за сликање со странци.

Обама говореше на конференцијата за храна „Seeds and Chips – The Global Food Innovation Summit“ пред публика која за присуството требаше да плати карта од 850 евра.

Тој во понеделникот се сретна и со поранешниот италијански премиер Матео Ренци, кој што неодамна повторно беше избран за претседател на Демократската партија.

Ренци и Обама беа гости на вечера која што ја организираше тинк-тенкот ИСПИ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обама со гестови го исмејуваше Трамп: „Тој е опседнат со величината“

(ВИДЕО) Мишел и Барак Обама ја поддржаа Камала Харис: „Ни се враќа надежта“

Според Обама, Путин се однесува на нов „непромислен“ начин

А1он

Бајден и Обама ќе се обратат за успесите и новините околу законот за достапно здравство

А1он

Обама е заразен со коронавирус

Ана Ололовска

Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно

А1он