ВМРО-ДПМНЕ: Им се поклонуваме на осумте македонски херои од „Диво Насеље“

Од:

Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, засекогаш ќе останат запишани меѓу хероите кои се бореле и ја создале Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, а сите ние ќе им бидеме вечни должници за нивната неверојатна храброст и пожртвуваност.

– ВМРО-ДПМНЕ длабоко се поклонува пред ликот и делото на 8-те херои, припадници на безбедносните структури на Република Македонија, кои пред 2 години во Куманово во антитерористичка акција ги положија своите животи во одбрана на Република Македонија. Вечна им слава. Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои, рече на денепната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата сметаат дека за разлика од нив Зоран Заев и Оливер Спасовски засекогаш ќе останат на другата страна, како што велат, меѓу оние кои му свртеле грб на својот народ.

– Зоран Заев и Оливер Спасовски треба цел живот да се срамат за своето нечовечко и предавничко однесување и дејствување. Тие треба цел живот да се срамат затоа што денот по антитерористичката акција отидоа и се сликаа селфи смеејќи се на местото на кое пред само неколку часа подмолно беа убиени 8-те храбри синови на нашата држава. Поддржувачите на Заев ги напаѓаа и навредуваа колегите на загинатите херои и на полициските службеници им порачуваа „Куманово пак да ви се случи”, рече Данев.

Тој побара одговор зошто Заев и Спасовски се смееле и фотографирале на местото каде што биле убиени македонските херои и зошто, како што рече, медиумите под контрола на СДСМ и Сорос објавувале лажни вести за загинати мајки и деца.

Според него, Зоран Заев прифатил реализиција на тиранска платформа и со тоа, како што рече, прифатил да најде начин да ги пушти на слобода терористите кои ги убија припадниците на полицијата кои ја бранеа Македонија.

– Зоран Заев за да дојде на власт и да ја реализира Тиранската Платформа се обиде насилно да избере претседател на Собрание. Затоа видовме албански знамиња во кабинетот кој треба да му припаѓа на претседателот на Собранието и се најавува дека македонското Собрание ќе биде трет парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик. Одговорност за политичкото насилство на Заев и СДС мора да има, рече Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ