Гувернерот на Џакарта, Басуки Тџахаџа Пурнама, од христијанска вероисповест, осуден е денеска на две години затворска казна врз основа на обвинението за богохулење, шокантната одлука што предизвика загриженост поради растечката врска нетолеранција во Индонезија.
Радикалните исламисти пред судот во Џакарта прославувале извикувајќи „Бог е голем“, откако судот ја донел одлуката гувернерот Пурнама да биде испратен во затвор, што претставува изненадувачки тешка казна, бидејќи обвинителите препорачале условна казна.
Пурнама најави дека ќе поднесе жалба за денешната одлука.
Тој минатата година беше суден по обвинението дека го навредил исламот за време на кампањата за реизбор. За овој случај критичарите наведоа дека е политички мотивиран.
Имено, во Индонезија за богохулење предивидена е максимална затворска казна во времетраење од пет години, а денешната одлука е изненадувачка бидејќи судиите во земјата обично ги следат препораките на обвинителството.