Во Куманово одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Од:

Општинската организација на Црвениот Крст Куманово со хуманитарни акции, изложба и предавање го одбележува 8 мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Со повеќе активности ќе биде одбележана и Неделата на Црвениот Крст од осми до 15 мај.

– Заедно со невладината организација „Крепост“, ќе донираме прехрамбени и хигиенски пакети на социјално загрозени семејства. Втората активност ќе ја реализираме на 12-ти мај со основното училиште „Крсте Мисирков“ каде ќе организираме изложба на која што ќе им ја претставиме нашата работа на сограѓаните, изјави Филип Кузмановски, од Црвен Крст Куманово.

Волонтерите на кумановскиот Црвен крст постојано се вклучуваат во хуманитарни активности не само во рамки на одбележувањето на оваа недела, туку секогаш кога има потреба за тоа. Во рамки на Неделата на Црвениот крст, од 8-ми до 15-ти мај, ќе бидат организирани и предавања за ширење на идејата на Црвениот крст и информирање на младите за организацијата и вклучување како волонетри во оваа организација. Бројот на волонтери во кумановската организација варира, но секогаш се присутни на различни обуки од областа од прва помош, кровадирителство.

Инаку, кумановската организација го освои пехарот на ниво на Македонија во проектот„Промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција“.

Светскиот ден на Црвениот крст и на Црвената полумесечина се одбележува во сите 190 национални друштва во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, швајцарски трговец, кој е роден токму на 8 мај.

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница