Полека се наближува крајот на фудбалското првенство на Франција, па токму затоа секој освоен бод е од исклучителна важност за најголемиот дел од екипите.
Така ќе биде и на вечерашната средба од 36.коло во Лига 1, во која Сент Етијен и Бордо ќе затакуваат на победа и на трите бодови кои ќе им ги зголемат шансите за излез на европската сцена следната сезона, поточно за место во Лига Европа.
Бодовите се важни за двете екипи, Домаќините се седми со седум бода помалку од Бордо кој е на 5.место но и натпревар помалку има Сент Етијен.
Токму петата позиција е онаа последната која води во Лига Европа, а за истата покрај овие два тима во игра се и екипите на Олимпик Лион и Марсеј.
Битка ќе се води и за позициите кои гарантираат опстанок во Лига 1, а во игра се пет екипи.
Покрај овој меч, викендов во Лига 1 ќе се играат и средбите:
Сабота
17:00 ПСЖ – Бастија
20:00 Тулуз – Каен
20:00 Нанси – Монако
20:00 Гингамп – Дижон
20:00 Лориен – Анже
20:00 Лил – Мец
Недела
15:00 Рен – Монпеље
17:00 Олимпик Лион – Нант
21:00 Олимпик Марсеј – Ница
Табела: Монако 83 бодови (-1 натпревар помалку), ПСЖ 80, Ница 74, Олимпик Лион 57 (-1), Бордо 56, Олимпик Марсеј 55, Сент Етијен 49 (-1)…