Ограбена бензиска пумпа во село Дељадровце

Од:

Три непознати лица со закана со пиштол го украле дневниот промет, цигари и компјутер од бензиска пумпа во село Дељадровце, информираат од МВР.

Утрово во 04.40 часот во ПО Петровец, дежурниот од СВР Куманово телефонски пријавил дека во с.Дељадровце, на бензинската пумпа три непознати лица извршиле разбојништво. Сторителите со закана со пиштол од вработениот ја одзеле чантата со дневен промет, поголема количина на цигари и компјутер.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски