Вардарки отпатуваа во Будимпешта на завршниот турнир во Лигата на шампионките

Од:

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар од денеска се во Будимпешта каде што претстојниот викенд по четврти пат ќе бидат дел од завршниот „фајнал-фор“ турнир во Лигата на шампионите.

Откако на изминатите три турнири завршија како третопласирани, вардарки овојпат ќе сторат се да одат место погоре односно да се пласираат во финалето, а доколку се укаже шанса и да ја освојат шампионската титула.

Задачата нема да биде лесна бидејќи на патот кон зацртаната цел прв противник ќе биде актуелниот шампион романската екипа ЦСМ Букурешт.

Поразот во минатогодишното полуфинале од истата екипа е мотив повеќе за македонскиот првак.

„Тоа е реприза на ланскиот натпревар од полуфиналето. Двете екипи добро се познаваме. За да победиме ќе мора да играме концентрирано и смирено, а ќе видиме што ќе биде. Воедно најдобрите четири екипи се на завршниот турнир и сите имаат подеднакви шанси за конечен триумф“, изјави хрватската репрезентативка Андреа Пенезиќ која сезонава е најефикасната ракометрка во Лигата на шампионите.

Една од најсикуснире ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ, која пред нејзиното доаѓање во Скопје, со унгарски Ѓер ја освои титулата европски првак, посакува и во Вардар да се радува на трофеј.

– Искрено сакам титула со Вардар, поинаку би било се отколку со Ѓер. Букурешт лани ја освои титулата, а беше дојден како аутсајдер. Ќе ни биде тешко бидејќи тие се актуелни шампионки. Но, ние сме една година поискусни и конечно сакаме да го направиме тој посакуван чекор, наречен финале, а таму се е можно, истакна Радиќевиќ.

Полуфиналниот меч меѓу Вардар – ЦСМ Букурешт в сабота ќе се игра во терминот од 17.45 часот, а претходно од 15.15 часот ќе играат Будуќност и Ѓер.

Дуелите за медал на програмата се во недела во истите термини.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он