• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Одбележан денот на општина Маврово Ростуше

by А1он04/05/2017 - 18:13313
Share0

Со низа активности општина Маврово Ростуше денеска ја одбележа 21- годишнина од основањето.

Добивај вести на вибер

Централната активност се одржа во големата спортска сала „Македонија“, на која присуствуваа голем број граѓани и претставници на институции, како и делегација на општината Маниса, Република Турција.

Пред присутните, на свечениот чин на основањето на општината, 4 мај 1996 година потсети градоначалникот Мукрем Мехмеди, кој се задржа и на постигнатите резултати во изминатите две децении во подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

– Со голема подршка на централната власт посебно во последните осум години имаме реализирано низа проекти кои се однесуваат на подобрувањето на патната и друга инфраструктура, здравството, образованието, во областа на екологијата и развојот на туризмот. Може да се пофалиме дека благодарение на грижата на Владата во нашата општина, до секое населено место денес води асфалтен пат, рече Мехмеди.

Тој посочи дека во последните години се побројни се производствените погони, што се инвестции на жители од ова подрачје кои заработеното во странство го инвестирале во родното место. Како резултат на тоа, оцени Мехмеди, остварени се голем број нови вработувања, а со тоа намалена е миграцијата на младите.

Присутните ги поздрави и Рамиз Шикај, заменик-градоначалник на градот Маниса, чие потекло е токму од реканските села. Тој пренесе поздрав од илјадниците иселеници од подрачјето на Река и Жупа, кои денеска живеат во Маниса.

Градоначалникот Мехмеди додели признанија на поединци и институции за посебен придонес во разни области.

Свеченоста беше збогатена со богата културно уметничка програма на која учествуваа фолклорните секции на деветолетките од општината, како и познати интерпретатори на македонската народна песна.

mavrovo rostushe

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница: „Опасноста е поедноставна кога се гледа на телефон“

A1on04/10/2023 - 12:0304/10/2023 - 12:03

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше сомнително исплаќал народни пари

Горан Наумовски18/08/2022 - 08:52

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше

Катерина Ѓуровски05/07/2022 - 14:5205/07/2022 - 15:13

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше

Катерина Ѓуровски18/10/2021 - 08:15

Сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше по една лента поради свлечиште

Катерина Ѓуровски18/10/2021 - 08:0018/10/2021 - 08:00

Петгодишно девојче добило тешки изгореници во пожар

Наум Локоски13/05/2017 - 17:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен