Сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше по една лента поради свлечиште

Од:

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница: „Опасноста е поедноставна кога се гледа на телефон“

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше сомнително исплаќал народни пари

Поднесено обвинение за злоупотреба на службена положба во општина Маврово Ростуше

Катерина Ѓуровски

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше

Петгодишно девојче добило тешки изгореници во пожар

Наум Локоски

Одбележан денот на општина Маврово Ростуше

Наум Локоски