А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Иванов ќе добие писмо од Џафери, да постапи според уставните обврски и да го даде мандатот

by А1он04/05/2017 - 09:37179
Share0

„Дојде време кога Иванов не може да одолговлекува со неразумни оправдувања и мора да ја исполни уставната обврска и да го додели мандатот за формирање Влада.

Добивај вести на вибер

Собранието се комплетираше, има декларирано парламентарно мнозинство, има нов легитимен претседател на Сoбранието кој испраќа писмо до Иванов и ќе го информира дека се исполнети условите за доделување на мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Иако Програмата на новата Влада е јавно објавена, претседателот Заев ќе ја реафирмира и пред Иванов и пред домашната и меѓународна јавност со што ќе се докаже дека таа е силен гарантор на унитарноста и целовитоста на Македонија, со што ќе се отстранат сите сомнежи околу наводни редефинирања на државата.

Демократските процеси мора да продолжат и Иванов повеќе нема простор за неделување. Демократскиот процес мора да биде испочитуван во насока на составување нова Влада согласно Уставот и законите на Република Македонија. Тоа е јасно изразена волја на мнозинството граѓани – околку 700 000 кои на изборите гласаа за промени, но тоа е и заеднички став на целата меѓународна заедница.

Формирањето на институциите пред се на новата влада и започнувањето на неопходните реформи во сите сфери се врвен државен интерес на Македонија која долго време беше блокирана поради стравот на поединци од соочување со личната одговорност.

Секое попречување на трансферот на власта е противуставно и противдржавно дело и подлежи на одговорност. Затоа, сите општествени чинители и сите институции мора да бидат свесни за сопствената одговорност во процесот на примопредавање на власта“, се вели во соопштението на СДСМ.

ivanovmandatsdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 11:35

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:07

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто