Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 28 степени.

Во петок и во недела ќе биде променливо нестабилно со локален пороен дожд и грмежи на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски