АВМУ: Програмскиот совет на МРТ да го преразгледа известувањето за случувањата во Собранието

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги испрати допис до Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија во кој го повикува како орган кој има законска обврска да ги штити интересите на јавноста во поглед на програмските содржини што ги емитува Јавниот сервис, да го преразгледа известувањето на МРТ во врска со случувањата во Собранието на РМ од 27 април 2017 година.

– Ваквиот повик се должи, пред се, поради тоа што Јавниот сервис не обезбеди навремено информирање за настаните во Собранието, делови од репортерските јавувања не беа во согласност со улогата и функциите на јавен радиодифузен сервис и не беа организирани актуелно-информативните програми во кои ќе се дебатира за овие општествено-политички случувања кои се од исклучителен јавен интерес, наведува АВМУ.

Агенцијата во соопштението посочува дека при мониторингот на известувањето на радиодифузерите за овие настани уочила дека има потреба Програмскиот совет, како надлежен да го следи исполнувањето на програмските обврски, начела и стандарди кај МРТ, да го разгледа известувањето на МРТ од аспект на должностите на Јавниот сервис, утврдени во членовите 110 и 111 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Ова особено се однесува на обврските: да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање за сите важни политички и други настани и случувања во Република Македонија; да ја промовира и унапредува културата на јавен дијалог и да овозможи арена за широка јавна дебата по прашања од јавен интерес, како и да обезбеди непристрасни, сеопфатни и важни информации и нив да ги презентира јасно, недвосмислено и на начин на кој граѓаните ќе имаат можност слободно да го формираат своето мислење, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски