Во Крива Паланка пролетна школа „Етнографија на социјализмот“

Од:

Во манстирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка се одржува Меѓународната пролетна школа „Етнографија на социјализмот“ во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје.

– Ова е втора година како ја организираме пролетната школа на тема Етнографија на социјализмот. Институтот е организатор, но од годинава имаме потесна соработка и со локалната установа Градски музеј и општина Крива Паланка, со цел школата да стане дел од културниот, а може да се рече и од образовниот живот во Крива Паланка и доколку и дадеме доволно амбиции, таа да стане препознатлив стил на градот, изјави проф. д-р Љупчо Ристески, професор на Институт за етнологија и антропологија при УКИМ.

Школата, додаде тој, се одржува тргнувајќи од идејата дека многу малку знаеме за социјализмот,периодот во којшто многу генерации живееја или живееле.

– Сакаме да направиме што по детални истражувања за овој период. Исто така и нашите студенти, но и оние кои учат во странство знаат многу малку за овој период, така што ова е една добра прилика темата да ја проучуваат и студенти од странство. Школата нуди солидна образована содржина, поврзана со социјализмот, за различни аспекти од општествениот живот, политиката и многу други секојдневни аспекти. Судентите ќе имаат можност да работат директно и посредно со граѓаните на Крива Паланка како живи информатори кои нудат многу детали за социјализмот, додаде Ристески.

Програмата на втората Меѓународна школа „Етнографија на социјализмот“ почна вчера денес, а официјално беше отворена во ЛУ Градски музеј, Крива Паланка како дел од соработката на установата со високонаучните институции во Република Македонија.

– Со Институтот за етнологија и антропологија имаме потпишано договор за соработка при теренски истражувања на студентите и друг вид истражувања во Кривопаланечко. Меѓународната школа ќе опфати поширока тема од речиси 50 години која досега антрополошки и етнолошки не била истражувана. Се надевам студентите ќе наидат на една по опсежна подготовка на тема социјализам која ќе им ја овозможат професорите од различни меѓународни факултети и универзитети, истакна Драган Величковски, в.д. директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.

На школата се присутни студенти од повеќе европски држави и повеќе од десетина професори од регионот, Европа и пошироко, чијашто специјалност е социјализмот, наративи, споменици, колективни сеќавања и друго, поврзани со овој период.

Годинашната школа ќе понуди неколку гостински предавања, со важни резимеа и четири курсеви: антрополошки приод во разбирањето на социјализмот, методологија и техники на истражувачка работа, визуелизрање на социјализмот со идеи за правење интерактивна мапа на Крива Паланка со разни места на сеќавања од времето на социјализмот и аудио-визуелни податоци и четвртиот курс се однесува на разбирање на политичката економија и на општеството во социјализмот.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка