Министерството за финансии со писмено соопштение реагира на денешното соопштение на СДСМ.
„Податоците кои ги објавува Министерството за финансии за јавниот долг се егзактни и се пресметуваат врз база на методологија утврдена со Меѓународниот монетарен фонд.
Проекцијата за раст на БДП на која е пресметан јавниот и државниот долг е официјалната проекција од буџетот за 2017 година. Не сфаќаме која проекција би сакале од СДСМ Министерството за финансии да ја земе во пресметка на јавниот и државниот долг, ако не официјалната проекција од буџетот?
Да потсетиме дека владината проекција за раст на БДП за 2017 година е дури пониска од проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд.
Македонија е меѓу земјите со најнизок долг во Европа. Ова неодамна уште еднаш го потврдија челниците на меѓународните финансиски институции на Пролетните средби во Вашингтон.
Очигледно дека јавниот долг е предмет на политички ПР, така што презапишувањето на државни хартии од вредност се пласира во јавноста како ново задолжување.
Министерството за финансии води одговорна политика во процесот на управување со јавниот долг“ се вели во реакцијата на Министерството за финансии.