А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лажгото Зоран Заев останува лажго

by А1он02/05/2017 - 13:51143
Share0

„Лажгото Зоран Заев останува лажго. Криминалецот Зоран Заев останува криминалец. Лаги искажани од измамникот во интервјуто за Дојче Веле покажуваат како работи умот на човек кој е уценет и исплашен дека ќе мора да одговара за криминалите што ги правел.

Добивај вести на вибер

Зоран Заев не може да сфати дека некој искрено ја сака Македонија и дека некој искрено и чесно се бори за одбрана на државните и национални интереси. Кај него се е предмет на пазарење и преговарање. Затоа Заев лаже и клевети. ВМРО-ДПМНЕ ниту барало амнестија, ниту има причина да бара амнестија. ВМРО-ДПМНЕ секогаш било на страна на народот и државата. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и криминалецот Заев.

Овојпат ризикот е цела Mакедонија да стане жртва на антидржавното однесување на Заев. Тој се обидува цела држава да ја држи како заложник за да се спаси од криминалите во кои тој до гуша е заглавен.

Затоа е подготвен набрзина да ја спроведе Тиранската Платформа, затоа е подготвен спротивно на Деловникот да избере тирански претседател на Собранието, затоа е подготвен да нареди да се пука кон сопствениот народ.

Криминалецот Заев и врхушката околу него, освен што ги измами граѓаните, освен што ја погази волјата на граѓаните, освен што ги погази Уставот, Деловникот и законите, освен што нареди да се пука по граѓаните, систематски работи на распродажба на државните и националните интереси само за да се добере до власт.

Неговата деструктивност нема да му помине. Нема да му помине ниту заплашувањето на граѓаните со приведување на недолжни луѓе. За ова тероризирање на сопствениот народ, криминалецот Заев ќе одговара.

Револтот на народот од неодговорната и антидржавна политика на криминалецот Заев расте. Тој од една страна постојано го игнорира и омаловажува барањето на народот, а од друга страна постојано со своите недемократски, незаконски и антидржавни потези го провоцира.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не потпаѓаат под лагите и провокациите на овој хроничен лажго, бидејќи тоа е дел од сценариото кое Заев треба да го спроведе, а го обмислиле надворешни центри кои не и мислат добро на Македонија и на народот.

Граѓаните имаат право на изразување на револт и тоа да го прават достоинствено и демократски. Тоа е најсилната одбрана од оваа антидржавна структура во СДС“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев за Дојче Веле.

dpmneZaev

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен