Индонезиецот Содимеџо, попознат како дедо Гото, кој тврдеше дека е роден 1870-та година, почина во своето село во провинцијата Централна Јава, јави Би-Би-Си.
Според личните документи, тој е роден во декември 1870 година, што значи дека во моментот на смртта, тој имал полни 146 години.
Сепак, во Индонезија дури во 1900 година почнала да се води официјална евиденција на родените, па можно е и да се случила грешка во внесувањето податоци.
Според локалните власти, податоците на Содимеџо се веродостојни.