Екипата на Ница синоќа постигна победа на домашен терен против ПСЖ со 2:1. Со овој триумф Ница остана со шанси за освојување на второто место на табелата, додека Монако остана на чело со предност во однос на шампионот ПСЖ.
Ница имаше водство во дербито од 2:0 со головите на Марио Балотели во 36. минута и на Переира Рикардо во 48.минута, додека голот за ПСЖ го постигна Маркињос во 64.минута. ПСЖ дуелот со заврши со девет играчи откако во 90.минута беа исклучени Тиаго Мота и Анхел Ди Мариа.
Резултати 35.коло: Ница – ПСЖ , Каен – Олимпик Марсеј 1:5, Дижон – Бордо 0:0, Бастија – Рен 1:0, Генгамп – Сент Етиен 0:2, Мец – Нанси 2:1, Монпеље – Лил 0:3, Нант – Лориен 1:0, Монако – Тулуз 3:1 и Анже – Олимпик Лион 1:2.
Табела: Монако 83 бодови, ПСЖ 80, Ница 77, Олимпик Лион 57, Бордо 56, Олимпик Марсеј 55,…