СДСМ: Парламентот има претседател, Вељаноски ќе одговара

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Трајко Вељаноски дека не го признава Талат Џафери како претседател на Собранието.

„Собранието на Република Македонија има нов претседател на Парламентот, избран согласно Деловникот, законите и Уставот, од парламентарното мнозинство.

Режимот заврши.

Демократските процеси ќе продожат со формирање нова Влада на граѓаните на Република Македонија.

Тоа е мнозинската волја на граѓаните и таа одлучува, а не групата насилници и криминалци.

Формирањето Влада е врвен државен интерес, а дејствувањето против државните интереси е тешко противуставно и казниво дело.

Трајко Вељаноски веќе е директен учесник во сценариото на Никола Груевски, за поттикнување тензии, поделби, омраза. Тој со месеци дозволи кршење на Деловникот на Собранието со што дозволи блокада на демократските процеси, избор на нов претседател на Парламентот и нова Влада и тој веќе противуставно ги загрози граѓанските и државните интереси.

Вељаноски, со ова, заедно со Груевски, Иванов, Чавков е меѓу главните виновници за обидите за убиство на пратеници во Собранието и насилството врз новинари и вработени во него.

Истрагата дополнително ќе ја покаже инволвираноста на Вељаноски во терористичкото зaгрозување на уставниот поредок и безбедноста вечерта за време на крвавото насилство во Собранието.

Насилниците и криминалците ќе одговараат.

Правда и живот за сите брзо ќе има во Република Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски