Во првиот натпревар од 34. коло на француската фудбалска Лига 1, екипата на Олимпик Лион забележа сигурна победа на гостувањето кај Анже.
Иако резултатот на крајот од мечот гласеше 2-1 за Олимпик, сепак гостите од Лион во текот на целиот меч беа оние кои ја контролираа играта и резултатот. Лион имаше предност од 2-0 со головите на Матју Валбуена (17.минута) и Набил Фекир (41), додека Чекн Н’Доје го постигна голот за домашниот тим кој средбата ја заврши со играч помалку откако Хрватот, Матео Павловиќ во 76.минута заработи црвен картон.
Денеска и утре ќе се играат останатите средби од оваа рунда во Лига 1, а двојките се:
Сабота
17:00 Монако – Тулуз
20:00 Бастија – Рен
20:00 Нант – Лориен
20:00 Монпеље – Лил
20:00 Мец – Нанси
20:00 Гингамп – Сент Етјен
Недела
15:00 Каен – Олимпик Марсеј
17:00 Дижон – Бордо и
21:00 Ница – Париз Сен Жермен
Табела: Монако 80 бодови (-1 натпревар помалку), ПСЖ 80, Ница 74, Олимпик Лион 57 (-1), Бордо 55, Олимпик Марсеј 52,…