Времето во Македонија утре и задутре ќе биде претежно стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината.
Дневната температура утре се очекува да биде за еден до два степена повисока во споредба со просечната за овој период од годината, в сабота за два до четири степени.
В сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а в недела ветрот ќе продолжи да се засилува, но ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика заладување, односно пад на температура за четири до пет степени.
Од недела земјата повторно ќе биде под јужно воздушно струење, а температурата ќе биде во постепен пораст.
Од сабота, па се до средината на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со локален и краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.