Пари во Буџетот за исплата на субвенциите има и доколку Уставниот суд ја прифати поднесената иницијатива за членот од Изборниот законик, нема да постојат пречки за исплата на земјоделските субвенции.
Ова го истакнува министерот за финансии Кирил Миноски во изјава за 24 Вести во која изразува надеж дека парите ќе се исплатат во законски предвидениот рок до 30 јуни.
– Доколку Уставниот суд го оспори членот од Изборниот законик нема да постојат пречки за исплата на субвенциите. Имаме соодветна ликвидност. Паричните средства за исплата на субвенциите не се проблем. Пари има да се исплатат доспеаните обврски по основ на субвенции. Трезорот благовремено врши исплата како на доспеаните обврските што ги имаат државните институции, се исплаќаат плати, пензии, се врши редовен поврат на ДДВ, изјави Миноски.