Герасимов: НАТО трупа офанзивно оружје на руската граница

Од:

НАТО складира офанзивно оружје и ја засилува воената инфрастуктура долж границата со Русија, изјави денеска началникот на Генералштабот на руската војска, Валериј Герасимов.

– Офанзивното вооружување се натрупува долж целата гранична линија со Русија. Го засилуваат капацитетот на аеродромите и пристаништата, кажа тој на Шестата московска конференција за меѓународна безбедност, пренесе ТАСС.

Герасимов наведе дека НАТО воспоставува и центри за складирање на инвентар што, како што истакна, на Алијансата ќе и овозможува побрзо да ги засилува своите групации преку распоредување сили за одговор во регионот.

Началникот на рускиот Генералштаб, исто така, истакна дека Русија не планира да го намали обемот на соработка со Европа за безбдносните прашања, и покрај глобалното опкружување.

Истовремено, тој предупреди дека западните земји ја заоструваат информативната војна против Русија во обид да ја намалат нејзината улога во борбата против меѓународниот тероризам.

-Западните земји ја заоструваат пропагандната војна против Русија. Доколку ги погледнете извештатите на европските и американските медиуми, се стекнува впечаток дека практично сите негативни настани што се случуваат во светот се дело или на руските разузнавачки служби или на руските хакери, заклучи Герасимов.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста