Македонската женска фудбалска репрезентација до 16 години предводена од селекторот Тоше Нацев ќе учествува на УЕФА развојниот турнир кој ќе го организираме ФФМ во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“. На турнирот ќе учествуваат репрезентациите на Израел, Романија и Лихтенштајн.
Селекторот на Македонија до 16 години Тоше Нацев за развојниот турнир ги повика следните фудбалерки: Ана Ѓоргиева (Кочани), Ана Апостолова (Кочани), Андреа Стојчева (Кочани), Теодора Петровска (Топ Гол), Ивана Ристевска (Топ Гол), Теодора Јанковска (Топ Гол), Габриела Гелевска (Топ Гол), Синдис Положани (АС Јунајтед), Валентина Далческа (АС Јунајтед), Цветанка Костадинова (Борец), Ана Јавашева (Борец), Драгана Јаневска (Борец), Марија Ѓорѓиева (Борец), Ивана Николова (Тиверија), Марија Џевалекова (Тиверија), Сара Велкова (Тиверија), Данче Карпузовска (Тиверија), Елена Панеска (Тиверија), Елена Бошкоска (Тиверија), Тамара Стерјовска (Атлетико);
Првиот натпревар нашите репрезентативки ќе го играат денес со почеток во 15:30 часот против Лихтенштајн.
На 28 април (петок) со почеток во 15:30 Македонија ќе игра со Романија, а во третиот круг со селекцијата на Израел на 30 април со почеток во 11:00 часот на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија.