Екипата на Анже напрваи историски успех со пласманот во финалето на Купот на Франција, откако синоќа со 2:0 го победи Генгамп во полуфиналната фаза.
Домашните фудбалери поведоа преку Томас Мангани во 38.минута, а конечниот резултат го постави Коко Екамби во втората минута од судиското надополнување.
Генгамп во 88.минута пропушти голема шанса да изедначи, бидејќи Џими Бриан не реализира пенал.
Во второто полуфинале вечерва во Париз, ПСЖ го пречекува Монако. Ове е ќе биде дуел на двете водечки екипи од Лига 1.
Финалето на националниот куп е закажано за 27 мај.