Движење БЕСА: Да престане занемарувањето на земјоделците

Од:

„Вознемирувачката вест дека ниските температури во последните денови предизвикаа огромни штети на овошните насади во регионот на Преспа и дека во некои населени места од мразот се уништени над 90% од дрвјата и, покрај ова, до ден денес нема ниту една акција, макар било и солидарност од страна на Владата на Р. Македонија, односно од Министерството за Земјоделство, со погодените земјоделци од регионот на Преспа, ова е лош знак дека оваа влада не се грижи за потребите на граѓаните, во овој случај на земјоделците.

Кога на ова ќе се додаде и фактот дека се уште не се платени субвенциите од минатата година, работата на земјоделците станува уште потешка и ова е уште еден доказ дека државата се движи кон целосен колапс, без јасна стратегија да им се излезе в пресрет на оваа категорија на граѓани, односно на земјоделците, кои ги обезбедуваат највисоките приходи за државата, која е и единствената област со која може да се обезбедува економскиот просперитет на Македонија.

Соочени со оваа ситуација, Движењето БЕСА бара од надлежните органи да им помогнат на земјоделците и да не дозволат во отсуство на приносите оштетени од ладното време, да се оштети и небрежноста на државата кон нив. Поради оваа причина, БЕСА апелира до надлежните органи итно да ги посетат оштетените места и да направат проценка за да им се надомести штетата на земјоделците, која е настаната од ниските температури во изминативе денови. Исто така апелираме и до осигурителните компании да ги забрзаат процедурите за плаќање на оштетите од претходните години, со што ќе им се олесни финансискиот товар на земјоделците.

Притоа повторуваме дека за Движењето БЕСА поддршката за земјоделците ќе биде меѓу највисоките приоритети на нашата програма, бидејќи веруваме дека овој сектор е од витално значење за економијата и благосостојбата на граѓаните“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on