Јавна кампања во ромската заедница во Кочани

Од:

Општина Кочани заедно со уште седум општини во Македонија е дел од јавната кампања во ромските заедници под наслов „Каков белег ќе оставиме“, која се однесува на идентификувањето на проблемите со кои се соочува ромската заедница во општината, како и давањето препораки и предлози за нивно надминување.

Во Кочани како што ни изјави Јалчи Неџипов, локален координатор на ромската заедница од овој град, веќе биле посочени проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тие се невработениста, образованието, урбанизацијата, како и сместување и трајно решение на семејствата од старата касарна во градот.

– Како општина Кочани имаме преземено одредени активности во делот на згружувањето на ромските деца преку проектот за инклузија на деца во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, дооформување на основното и средно образование. Имаме и проблем со сместувањето на ромски семејства од Старата касарна, како и асфалтирање на повеќе улици, изјави Неџипов.

Носител на кампањата е невладината организација Рома С.О.С. од Прилеп, и истата се реализира и во општините Прилеп, Битола, Кочани, Тетово, Кавадарци, Велес, Штип и во Скопје во општината Карпош.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош