Економијата на еврозоната во април порасна со најголема стапка за шест години, помогната од силната побарувачка и сеопштиот оптимизам во поглед на идните перспективи.
Композитниот индекс на менаџерите за набавка ПМИ за еврозоната, кој го пресметува лондонската истражувачка компанија Маркит, порасна во април на 56,7 поени, што е најголемо ниво од април 2011 година и скок во однос на 56,4 поени од март.
ПМИ ја мери подготвеноста на компаниите на инвестирање во сопствената дејност и пружа увид во состојбата на целокупната економија.