Раул: Во првото полувреме нашата одбрана беше одлична, а голманот перфектен

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар со два гола предност го доби првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со германскиот тим Флензбург.

„Вардарци“ победија со 26:24, а во текот на вториот дел имаа и водство од седум голови (17:10).

– Во првото полувреме нашата одбрана беше одлична, а нашиот голман перфектен. Но, Флензбург играше се подобро и подобро и успеа да ја намали разликата. Треба да бидеме внимателни дека ова е само прво полувреме и дека реваншот е во Скопје, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Флензбург се игра во четврток (27.април) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски