Ракометарите на Вардар по реванш против Флензбург

Од:

Ракометарите на македонскиот првак Вардар попладнево го играат првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против германски Флензбург и ова им е шанса за реваншот за елиминацијата од пред четири сезони исто така во четвртфиналето во ова натпреварување. Флензбург беше поуспешен поради повеќе голови постигнати на гости откако вкупниот резултат беше 49:49.

Вардар изминативе сезони знаел да победи како гостин во дуелите со германските екипи: Рајн Некар Ловен, Хамбург. Неизвесно е само колку на теренот на денешениот дуел ќе биде Игор Карачиќ, кој изминативе денови беше болен и не тренираше со полн интензитет.

Во пресрет на првиот дуел голманот на Вардар Арпад Штербик рече дека дуелот со Флензбург нема да биде лесен и декасе надева на победа.

– Тука сме каде што посакувавме да бидеме. Флензбург е нашиот ривал во четвртфиналето, нема да ни биде лесно, особено што ова е екипа која е кандидат за титулата во Бундес лигата. Но, ние сезонава ја играме добро и затоа сметам дека имаме шанси, истакна Штербик.

Почетокот на дуелот е во 17:30 часот, а судии се Ненад Крстич и Петар Љубич од Словенија.

Во истиот термин денеска играат и Веспрем и Монпеље, додека утре се играат дуелите: Кил – Барселона и ПИК Сегед – ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност