Затоплување и дневни температури до 11 степени Целзиусови, најавува за претстојниот викенд Управата за хидрометеоролошки работи.
Под влијание на јужно воздушно струење, времето во Македонија утре ќе биде сончево со умерена, а кон крајот на денот и значителна облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд на повисоките планини од снег.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од два до девет степени. Во Скопје слично време, со температура до три степени.
Во недела времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со локален дожд. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од три до 11 степени.