Поради нередите кои ги предизвикаа навивачите на Бастија минатиот викенд кога ги нападнаа гостинските фудбалери на Лион, клубот е казнет од Францускиот фудбалски сојуз.
Бастија следниот домашен натпревар ќе мора да го игра на неутрален терен и без присуство на навивачи. Тоа ќе биде средбата со Рен на 29 април, а се уште не е познато на кој стадион Бастија ќе го организира натпреварот.
Француската јавност смета дека оваа казна е премала во споредба со тежината на инцидентот предизвикан од навивачите кога во два наврата ги нападнаа гостинските играчи. При тоа натпреварот прво беше одложен за речиси еден час, а по вториот напад на полувреме, мечот беше прекинат.