Утре не очекува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава, на моменти со брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од осум до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Утре времето ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието. Температурите значително ќе опаднат, утринската од минус два до четири, а дневната од шест до 13 степени. За време на викендот се очекува разведрување со што утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски