Гонзалес: Одиме на победа уште на првиот дуел со Флензбург

Од:

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на денешната прес-конференцијата пред заминувањето за Германија на дуелот со Флензбург рече дека неговите избраници се подготвени и ќе одат на победа и на првиот дуел.

– Треба да играме повторно четвртфинале во Лигата на шампионите. Ние сме подготвени, иако Игор Карачиќ цела недела не тренираше, бидејќи беше болен и не знаеме дали ќе игра во Германија, но сите други тренираа 100 отсто. Ако сакаме да успееме не треба да го чекаме дуелот во Скопје туку треба и таму да бидеме добри. Ние треба да се обидеме да победиме таму, иако тие имаат добра одбрана и напад. Треба да играме како на Ф4 во СЕХА лигата. Очекувам дека ќе биде тешко но имам доверба. Сакам да играме на Ф4, но треба да знаеме дека треба да го искористиме натпреварот таму, нагласи Гонзалес.

Вардар по четврти пат по ред ќе игра во четвртфиналето, разликата е што сезонава македонскиот првак влезе како тим што ги прескокна осминафиналните натпревари бидејќи во групната фаза заврши како првопласиран. Тоа досега го нема постигнато ниту една македонска екипа, ниту пак некоја македонска екипа четири сезони е меѓу осумте најдобри тимови.

Останува да се направи чекорот напред што сите го очекуваат исто како и Едуард Кокшаров, спортски директор на Вардар.

– Екипата на Флензбург е добра и се бори за првак на Германија и има добри резултати зад себе. Нас не очекуваат два тешки натпревари, нема да ни биде лесно. Ако гледаме што беше направено досега, ние заслуживме да го добиеме резултатот што ни треба. Кога дознавме дека ќе играме со Флензбург, моите ракометни пријатели ми велеа дека нема да ни биде лесно. Јас имам желба овие два дена кога ќе играме со Флензбург, главен да биде ракометот, а не некои други игри, потенцира Кокшарев.

Голманот Штербик очекува два тешки натпревара.

– Тука сме онаму каде што сакавме и каде ни е местото. Со Флензбург ќе се бориме да стигнеме до тој Ф4 во Келн. Имаме еден противник што многу го почитувам, последниве сезони ја освојуваа и ЛШ и во Гермнаија нешто значат. Мислам дека имаме екипа, и ако ги гледаме резултатите преку сезоната треба да ја бараме шансата, а таа шанса е добра да го минеме Флензбург. Нема да биде лесно, но уверен сум во екипата, во публиката и во цела Македонија. Тој еден чекор напред го заслужува и Вардар и македонскиот народ кои со години е со нас и го чекаат овој резултат, рече Штербик.

Натпреварот Флензбург – Вардар се игра в сабота во Германија.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он