Стоилов: Верувам дека овој пат ќе успееме

Од:

Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов е убеден дека „црвено-црните“ оваа сезона ќе се пласираат на завршниот „Фајнал фор“ турнир во Лигата на шампионите.

– Тимот е позрел од претходните години. Тоа го докажавме со освојување на СЕХА лигата, а бевме први и во групната фаза од Лигата на шампионите. Не очекува тежок двомеч со Флензбург, но верувам дека имаме квалитет и сили да ги поминеме и да се пласираме на Ф4. Одиме на добар резултат во Германија, а потоа во полна сала да го играме реваншот и да ги израдуваме нашите навивачи, изјави Стоилов на денешната прес-конференција.

Ракометарите на Вардар в сабота гостуваат кај Флензбург во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во ЛШ.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он