Тетово, Берово, Битола и Прилеп изутринава се најстудени градови во Македонија. Во Тетово во седум часот е измерена температура од минус 19 степени, во Берово и Битола минус 16 и во Прилеп минус 15. Невообичаено студени беше и во Струмица каде што се измерени минус 14 степени, исто како и во Куманово.
Во Скопје во седум часот живата на термометарите покажуваше минус 13 степени, а „најтопли“ градови беа Дојран со минус 3 и Охрид со минус 4 степени.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје се очекува во текот на денот дневната температура да достигне до 1 степен, во Тетово и Гостивар до минус 2, а најтопло ќе биде во Гевгелија со 7 степени.
Викендов ќе има пораст на температурата, а в недела не очекува нов влажен воздушен бран што ќе донесе врнежи од дожд, кои ќе бидат краткотрајни и од локален карактер. Снег не се очекува.