Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев го поздрави својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во врска со резултатите од референдумот за измени во турскиот устав.
Двајцата лидери имале телефонски разговор вчера, јави Анадолија.
Алиев нагласил дека резултатите од референдимот се доказ за довербата на народот кон политиката на Ердоган.
Тој потенцирал дека референдумот ќе стане почеток на нова етапа во историјата на Турција и уште повеќе ќе ја зајакне нејзината улога и на меѓународната сцена.
Ердоган му изразил благодарност на Алиев за охрабрувачките зборови.
Двајцата лидери изразиле увереност дека пријателските и братските односи меѓу двете земји ќе се развиваат успешно и натаму во сите сфери.