Иванов: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договорија коалиција, ама во последниот час имаше телефонски повик и се распадна

Од:

Ѓорге Иванов во интервју за австрискиот дневен весник „Винер Цајтунг“ открива дека сепак била договорена коалиција помеѓу ВМРО-ДПМЕ и ДУИ, иако од партијата која го кандидираше за претседател досега го тврдеа спротивното.

Во интервјуто, Иванов објаснува дека од прогласувањето на независноста на Република Македонија, секогаш прво пласираната партија на изборите го добивала мандатот за составување на Влада.

-По изборите на 11 декември, јас го сторив она што и јас и моите претходници секогаш сме го правеле, на победникот на изборите му се доделува мандатот за состав на Влада, вели тој.

– Но, ВМРО-ДПМНЕ не успеа да коалицира со партиите на македонските Албанци, во предвидениот рок од 20 дена, согласно Уставот. Да бидам попрецизен, коалицијата всушност беше договорена. Но, во последниот час имаше телефонски повик – и коалицијата се распадна, одговара Иванов.

На прашањето „кој бил повикувачот“, Иванов одговара: „Вие сте новинар. Вие можете да го истражите тоа“.

Прашан што ќе се случи доколку некогаш се избере претседател на Собрание, а шефот на СДСМ повторно се договори со партиите на македонските Албанци и посака да состави Влада, Иванов со став дека на таква коалиција нема да го даде мандатот.

– Јас на таква коалиција нема да го дадам мандатот, и тоа од политички причини, вели Иванов посочувајќи на Тиранската платформа како политичка пречка.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски