Актуелниот фудбалски шампион на Франција, Париз Сен Жермен вечерва ќе му гостува на незгодниот Анже во првиот натпревар од 33.коло на француската Лига 1.
ПСЖ кој е на втората позиција на табелата со три бодови помалку од лидерот Монако важи за фаворит во дуелот против Анже кој сезонава приреди неколку изненадувања.
Овој натпревра ќе се игра попладнево во терминот од 17 часот, додека вечерва од 20 часот ќе започнат средбите: Рен – Лил, Гингамп – Тулуз, Мец – Каен и Монпеље – Лориен.
Денешната програма ќе ја комплетираат лидерот на табелата Монако и Дижон со средбата која ќе започне од 21 часот.
Останатите три натпревари од ова 33.коло на програмата се утре, а двојките се: Нант – Бордо, Бастија – Олимпик Лион и Олимпик Марсеј – Сент Етјен.
Табела: Монако 74 бод, ПСЖ 71, Ница 70, Олимпик Лион 54, Бордо 49, Олимпик Марсеј 48