Тешко повреден албански државјанин во Порој, Тетовско

Од:

Триесет и едногодишниот Д.Ц., албански државјанин вчера во тетовското село Порој бил тешко повреден од страна на Е.М., исто така државјанин на Република Албанија.

Како што соопшти МВР во својот дневен билтен, случајот во СВР Тетово вчера во 9:30 часот го пријавиле од тетовскиот Медицински центар каде бил донесен Д.Ц., кој, наведуваат, додека бил во контактибилна состојба кажал дека бил удрен од страна на Е.М. од Република Албанија. Повредениот поради сериозноста на повредите, од Тетовската болница како итен случај е пренесен во Ургентен центар Скопје.

– Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот во село Порој, Тетовско, каде во помошна просторија на плацот сопственост на А. К. биле пронајдени доказни материјали кои ќе бидат доставени за вештачење. На местото на настанот затекнати биле лицата В.Н. (39) и А.К.(42), двајцата од село Порој, кои го забележале повредениот и го пренеле во Медицинскиот центар Тетово. Со нив бил извршен разговор во СВР Тетово, а за тоа време А.К. добил смс порака од непознато лице од Албанија (брат на повредниот), кој како можен сторител го посочил Е.М. од Албанија, за кого е распишан централен распис, се посочува во билтенот.

СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски