Почувствуван земјотрес во Скопје, Дебар, Тетово и Гостивар

Од:

Во Дебар, Тетово, Гостивар, Скопје и околината е почувствуван земјотресот што се случи попладнево во 15:53 часот во соседна Албанија со епицентар во граничното епицентрално подрајче Дебар-Пешкопеја, со интензитет од 5 степени според Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, во Дебар земјотресот е почувствуван со интензитет од пет степени, во Тетово и Гостивар со четири степени, а во Скопје и околината од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 50 километри северозападно од Тирана.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Перу

А1он

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Такичи после земјотресот во Јапонија: Има загинати и голема материјална штета