Општина Бутел соопшти дека го завршила пробивањето на новата улица „50“ во Радишани.
Станува збор, посочуваат од Општината, за нов пат во тампонирана фаза во должина од 1.300 метри со широчина од 6 метри кој треба да биде алтернатива на улицата „Радишанска“, доколку дојде до нејзино блокирање од најразлични причини.
Од Општината информираат дека наскоро ќе следи и нејзино асфалтирање по што околу 3.000 жители секојдневно ќе ја користат новопробиената улица „50“.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел во висина од 3,2 милиони денари.