Традиционална средба на цивилни инвалиди од војна

Од:

Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија денеска во Куманово ја организираше 41-та традиционална средба на цивилни инвалиди од војната. На средбата присутувуваа 150-тина цивилни инвалиди од државата кои имаат повреди од мини, експлозивни направи. Порачаа дека најдобра заштита за цивилното население е мирот, овде во Македонија и насекаде во светот.

Претседателот на здружението Душан Нешевски истакна дека нивната организација од 1970 година постојано работи на информирање на населението за заштита од експлозивни направи и мини, преку едукација со делење флаери.

– На 6 април 1941 година, тогашна фашистичка Германија, ја бомбардираше тогашна Југославија, вклучително и Македонија, при тоа загинаа многу лица и останаа многу ивладиди од цивилното население. Од воени дејствија настрада цивилно население, а од екпслозивен материјал поствоено, настрадаа голем број деца не знаејќи ги опасностите од тој материјал, рече тој.

Во настанот со поддршка се вклучи и општина Куманово, преку секторот за образование и училиштата, односно учениците кои твореа на литературен и ликовен конкурс на тема „Војната долго се осветува“.

Жика Крстевски, раководител на секторот за образование од општина Куманово, информира дека денеска биле доделени наградите за најсупешните ученици кои учествувале на ликовниот и литературниот конкурс.

Би можело да ве интересира

„Лучија од Ламермур“ на 18 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет на 12 март

Ана Ололовска

Премиера на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на 9 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Жизел“ од Адолф Адам во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Националната опера и балет со велигденска онлајн премиера на Стабат Матер

Ана Ололовска

Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет

Ана Ололовска